Значајни договори и закони пред Собранието, Столтенберг ќе им се обрати на пратениците
- недела, 14 јануари 2018 07:42
Скопје, 14 јануари 2018 (МИА) - Македонското Собрание во неделата што претстои ќе одлучува за особено важни прашања, а обраќање пред пратениците ќе има и генералниот секретар на НАТО Јанс Столнтенберг. Се уште е неизвесно дали пратениците од владејачкото мнозинство сами ќе одлучуваат поради неучеството во работата на пратениците од опозицијата.
Се очекува неделава исто така претседателот Ѓорге Иванов да се изјасни дали ќе го потпише указот за Законот за употребата на јазиците и доколку не го стори тоа да го врати законот во Собранието.
Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде донесен на два дена пред средбата (17 јануари) на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц со преговарачите од македонска и грчка страна, а Столтенберг според агендата, во земјата ќе биде на 17 јануари и на 18 јануари. Генералниот секретар ќе се обрати пред пратениците во четврток напладне.
За утре во Собранието се закажани 30. собраниска седница, а седници ќе одржат и комисиите за европски прашања и за култура како и Законодавно-правната комисија.
Освен Договорот со Бугарија на оваа седница на дневен ред се и реформските закони за следење на комуникациите, во прво читање, измените на законите за администрација, во второ читање, законот за амнестија и други, вкупно 37. точки на дневниот ред.
Датумот на носењето на Договорот со Бугарија во македонскиот Парламент се поклопува со презентацијата на Програмата и приоритети за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари - јуни 2018 година од страна на бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков. ев/лв/07:42
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...