• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Во вторник во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Во вторник во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Белград, 13 јануари 2018 (МИА) - По 13-месечна пауза и опструкции, техничките преговори меѓу Белград и Приштина ќе продолжат во вторник во Брисел.

Според извори во српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, состанокот ќе трае три дена, а теми на разговорите ќе бидат спроведувањето на постигнатите договори, формирањето на Заедницата на српски општини, слободата на движењето и правосудството.

Продолжување на бриселскиот дијалог на техничко ниво на 16 јануари го потврди и новиот шеф на приштинската преговарачка делегација Авни Арифи.

Според Арифи, дијалогот со Белград ќе го води косовскиот претседател Хашим Тачи, додека косовската Влада ќе има поголема улога во спроведувањето на постигнатите договори.

Српската делегација на разговорите ќе ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метотија, Марко Ѓуриќ.

По заминувањето на Едита Тахири, властите во Приштина не именува нов преговарач се до вчера, кога косовската Влада го назначи Арифи за шеф на делегацијата во дијалогот со Белград на техничко ниво.

Од Софија во Белград синоќа ненајавено пристигна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според соопштението од Канцеларијата на српскиот претседател, на средбата се разговарало за европскиот пат на Србија и предностите од бугарското и австриското претседавање со ЕУ.

Хан пак на својот налог на Твитер објави дека му порачал на Вучиќ дека за евроинтеграциите на Србија од пресудно значење се реформите на полето на владеењето на правото и дијалогот со Косово. об/сп/14:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...