• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Седуммина повредени при експлозија во Скадар

Седуммина повредени при експлозија во Скадар

Тирана, 13 јануари 2018 (МИА) - Најмалку седум лица се ренети денеска при експлозија на бомба во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула.

Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот Кула.

Бомбата била поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред зграда во која се наоѓаат канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија. 

Во време на експлозиајта на местото се затекнала екипа на Радиотелевизија Црна Гора, при што е повредена и една од вработените во медиумот. Таа минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош била отпуштена од болница. сп/15:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...