• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

САД предупредуваат на опасност од тероризам во Косово

САД предупредуваат на опасност од тероризам во Косово

Приштина, 13 јануари 2018 (МИА) - Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам.

Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово, 

Во соопштението се додава дека терористите би можеле да нападнат „со мало или без никакво предупредување“ и нивна цел би биле туристички локалитети, транспортни центри, пазари, трговски центри, владини објекти, хотели, клубови, места за богослужба, паркови, спортски и културни настани, образовни установи, аеродорми и други јавни површини.  

Стејт департментот посочува дека во Косово постои и појава на „политички мотивирано насилство“ и им препорачува на американските државјаби да ги пререазгледаат плановите за патување во северниот дел од земјата, каде, како што се наведува во соопштението, има „граѓански немири“. 

- Тензиите меѓу заедниците на северот од Косово продолжуваат да поттикнуваат насилство, демонстрации и други видови на немири во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, се наведува во соопштението.

Стејт департментот, како што пренесува МИА, и претходно издаваше слчини предупредување до државјаните на САД во Косово. Последен пат ваква „безбедносна порака“ беше објавена минатиот месец поради „можни протести во Приштина како последица на зголемувањето на цената на електричната енергија“. сп/15:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...