• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Помалку претплатници во мобилната телефонија, раст кај услугите во пакет

Помалку претплатници во мобилната телефонија, раст кај услугите во пакет

Скопје, 14 јануари 2018 (МИА) -  Во Македонија продолжува трендот на намалување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, како и на фиксни линии, а се зголемува бројката на корисниците на услуги врзани во пакет, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Заклучно со вториот квартал лани се регистрирани 2.022.678 претплатници во мобилната телефонија,  речиси 27.000 помалку споредено со вториот квартал во 2016 година кога имало 2.049.170, се наведува во информацијата на АЕК за состојбата на пазарот за електронски комуникации.

МобиленГледано по оператори, на крајот на второто тримесечје во 2017 година  на Македонски телеком отпаѓаат 47,97 проценти од вкупниот број протплатници,  на оне. ВИП 49,57 проценти, а на „Лајкамобајл“ 2,46 проценти. Во вториот квартал 2016, пак, состојбата била поникава, односно оне.ВИП имале 51,02 процента, а Македонски телеком 48,98 проценти.

За шест илјади е намален бројот на фиксни линии, односно во вториот квартал лани  имало 360.804, а во второто тримесечје во 2016 година оваа бројка изнесувала 366.575.

Телефонија Н.jpgПодатоците на АЕК покажуваат зголемување за 1,15 проценти на претплатниците на услуги врзани во пакет,  кои во вториот квартал лани изнесувале 329.910,  а во истиот квартал во 2016 година 326.160.

ТВ гледањеЗначителен раст, од 83,61 проценти, има кај пакетот ТВ, интернет, фиксна телефонија и мобилна телефонија, а постојано се намалува бројот на оние кои користат пакети  со ТВ и интернет, ТВ и фиксна телефонија, интернет и фиксна телефонија, како и пакет со ТВ, интернет и фиксна телефонија. лв/мд/07:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.