• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Милош Земан води на претседателските избори во Чешка

Милош Земан води на претседателските избори во Чешка

Прага, 13 јануари 2018 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан води на претседателските избори, што вчера и денеска се одржаа во Чешка, но најверојатно нема да освои доволен број гласови за победа уште во првиот круг. 

Според нешто над 50 отсто преборени гласачки ливчиња, Земан е во водство со освени околу 42 отсто од гласовите, пред академикот Јиржи Драхош, за кого гласале околу 25 проценти од Чесите што го искористија своето избирачко право.

За победа во првиот круг на еден претседателски кандидат му е потребно да освои над 50 проценти од гласовите. Доколку продолжи сегашната тенеденција на гласовите, тогаш најверојатно Земан и Драхош ќе се соочат во вториот круг од изборите, што ќе се одржи на 26 и 27 јануари.

Земан (73) е познат по своите евроскептични ставови, критиките кон ЕУ и противењето на миграцијата, а многумина го обвинуваат и за проруска ориентираност.

Јиржи Драхош

Од друга страна, 68-годишниот Драхош, кој е ново име на чешката политичка сцена, важи за прозападно ориентиран политичар, кој во предизборието ветуваше намалување на поларизираноста на чешкото општество.  

И Земан и Драхош на изборите настапуваат како независни кандидати, Земан ја има поддршката на левата популистичка Партија за права на граѓаните (СПО), што тој ја формираше во 2009 година, додека кандидатурата на Драхош ја поддржаа Христијанската и демокраска унија (КДУ) и либералната партија Градоначалници и независни (СТАН). 

Ова се втори директни претседателски избори во Чешка, по оние во 2013 година. Претходно, шефот на чешката држава го избираше Парламнетот. сп/16:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...