• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

ЕК бара Словенија и Унгарија да не го блокираат приемот на Хрватска во ОЕЦД

ЕК бара Словенија и Унгарија да не го блокираат приемот на Хрватска во ОЕЦД

Брисел, 14 јануари 2018 (МИА) - Европската комисија ги повика Словенија и Унгарија да се откажат од блокарањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во одговор на еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром на прашањето на хрватскиот европратенил Тонино Пицула, се наведува дека Европската комисја смета оти Хрватска ги исполнува критериумите за отпочнување преговори за членство во ОЕЦД и затоа е неприфатливо блокирањето од страна на која било членка на ЕУ.

Малмстром нагласува и дека ЕУ уште вд 2007 година оценила оти сите нејзини земји членки, кои аплицираат за прием во ОЕЦД ги исплнуваат условите за членство и автоматски треба да го почнат процесот на пристапување кон Организацијата. сп/08:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.