• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Облачно со локални врнежи од дожд и снег

Облачно со локални врнежи од дожд и снег

Скопје, 14 јануари 2018 (МИА) -   Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од 1 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, кој на повисоките делови во котлината повремено ќе поминува во слаб снег особено попладне. Температурата до 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Маврово има снежна покривка од пет сантиметри, три во Берово и два во Крушево. Најстудено изутрина во осум часот е во Маврово, каде се регистрирани минус четири степени, по што следи Крушево со минус три, Лазарополе и Берово со минус два, а минус еден во Пожаране и Ѓуриште.

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.мд/лв/08:02

###

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ