Турција испрати дополнителни сили на границата кон Сирија
- недела, 14 јануари 2018 08:42
Анкара, 14 јануари 2018 (МИА) - Турската армија упати дополнителни сили, вклучителчно и тенкови, во реонот долж границата на Турција со Сирија, како засилување на војниците кои веќе се распоредени на тоа подрачје.
Испраќањето на дополнителни војници и опрема на границата со Сирија уследи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани со уништување на силите на сириските Курди.
- Доколку терористите во Африн не се предадат, Турција ќе ги уништи за една недела, изјави Ердоган на собир во турскиот округ Елјазаг.
Набргу по заканата на Ердоган, турските сили извршиле артилериски напади врз позициите на Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн во северна Сирија.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.
Силите за заштита на народот се дел од антиџахдистичката колаиција во Сирија, која има поддршка на САД, но Турција одбива соработка со нив и изминативе месеци во неколку наврати се закануваше со воена операција против борците на сириските Курди. сп/08:42
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...