• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Авион излета од пистата во северна Турција

Авион излета од пистата во северна Турција

Анкара, 14 јануари 2018 (МИА) - Авион на турската нискобуџетна авиокомпанија „Пегасус“ синоќа излета од пистата при обид за слетување на аеродромот во Трабзон, во северниот дел на Турција.

Гувернерот на округот Трабзон, Јуџел Јавуз соопшти дека при инцидентот не е повреден ниту еден од 162-та патници и членови на екипажот на авионот, кои се успешно евакуирани.

Според Јавуз, причините за илетувањето на авионот засега не се познати.

Авионот од типот „Боинг-737-800“ летал на релација Анкара - Трабзон. сп/09:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.