Челси Менинг сака да стане американски сенатор
- недела, 14 јануари 2018 11:09
Вашингтон, 14 јануари 2017 (МИА) - Челси Менинг, трансексуалниот американски војник одговорен за големото протекување на доверливи документи, поради што и отслужи седумгодишна зтаворска казна, сака да биде кандидат на Демократската партија за член на Сенатот на САД на изборите во ноември годинава.
Како што јави ДПА, Менинг има амбиции да се бори за местото на демократскиот сенатор од Мериленд, Бен Кардин, кој ќе се повлече од Сенатот по истекот на сегашниот мандат.
Челси Менинг, која е родена како Бредли Менинг, беше ослободена од затвор во мај минатата година, со одлука што ја потпиша поранешниот претседател на САД, Барак Обама, три дена пред напуштањето на функцијата.
Менинг беше осудена на 35 години затвор, затоа што во јануари 2010 година, тогаш како Бредли Менинг ангажиран како аналитичар на разузнавачки подароци во Ирак, на сајтот Викиликс му предала доверливи инфомации, кои потоа беа објавени.
Додека ја отслужуваше затворската казна Менинг објави дека се чувствува како жена и дека сака да и се обраќаат со Челси. сп/11:09
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...