Ограбена црква во Тетово
- недела, 14 јануари 2018 11:40
Тетово, 14 јануари 2018 (МИА) - Непознати сторители ноќта меѓу петокот и саботата насилно влегле во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, при што одзеле картонски кутии во кои имало пари.
Како што соопшти МВР, на 12 и 13 јануари во време од 16.00 до 07.00 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари.
Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари, а СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот. нд/лв/11:39
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...