• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Земјотрес од 7,3 степени во Перу (ДПЛ)

Земјотрес од 7,3 степени во Перу (ДПЛ)

Лима, 14 јанури 2017 (МИА) - Земјотрес со интезитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во крајбрежјето на југозападниот дел на Перу.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:18 часот по Гринич (10:18 часот по средноевропско време) на длабочина од 12,5 километри, со епицентарот на 42 километри кужно од градот Акари и 124 километри југозападно од градот Пукујо.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Пацифичкиот центар за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови на растојание од 300 километри од местото на епицентарот на потресот. сп/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.