• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Тунис одбележува седум години од соборувањето од власт на Бен Али

Тунис одбележува седум години од соборувањето од власт на Бен Али

Тунис, 14 јануари 2018 (МИА) - Во Тунис денеска се одбележува седмата годишнина од соборувањето од власта на тогашниот туниски претседател Зин ел Абидин Бен Али, кој беше принуден да са повлече од функцијата по масовните протести што ја инициира „арапската пролет“ во 2011 година.

Демонстрациите во Тунис почнаа на 17 декември 2012 година по самозапалувањето на Мухамед Бузизи, кој се реши на таков чекор во знак на протест поради корупцијата во редовите на полицијата. 

По повеќенеделните протести, Бен Али на 14 јануари 2011 година побегна од Тунис во Саудиска Арабија, со што се отври патот за формирање преодна влада во земјата.

Успехот на протестите во Тунис, во следните месеци инцираше бран антивладини демонстрации во повеќе земји во Северна Африка и Блискиот Исток, како Алжир, Јордан, Египет и Јемен, познати со едно име како „арапска пролет“.

Во услови на незадоволство на граѓаните на Тунис од растот на цените, за денеска во земјата се закажни мирни протести, чии организатори ја обвинуваат актуелната власт дека не успеала да ги реши проблемите кои доведоа до уривање на авторитарниот режим на Бен Али.  

Организаторите на протестите сметаат дека сите шесте влади што беа формирани во Тунис по падот на Бен Али, ја „скршиле надежта за социјална и економска правда и ги предале граѓаните“. 

Незадоволството на граѓаните во Тунис кулминираше минатата недела со мсовни антивладини протести, при кои загина едно лице, а повеќемина беа повредени. сп/12:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.