• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Само за викендите директен воз до Солун

Само за викендите директен воз до Солун

Скопје, 14 јануари 2018 (МИА) - Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12  јануари 2018 во деновите од понеделник до петок  ќе сообраќа само до Гевгелија наместо до Солун и обратно.

„Трејносе“ зема обврска во тие денови да ги превезува патниците со автобус од Гевгелија до Солун.

Во сабота и недела возот ќе сообраќа според важечиот возен ред од Белград до Солун и обратно. лв/нд/12:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ