• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Висок претставник на Хамас ранет при експлозија во Либан

Висок претставник на Хамас ранет при експлозија во Либан

Бејрут, 14 јануари 2018 (МИА) - Високиот официјален претставник на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), Мохамед Хамдан е ранет денеска при експлозија на бомба поставена под неговиот автомобил во либанскиот град Сидон. 

Како што јави АФП, бомбата експлодирала додека Хамдан ја отворал вратата на неговиот автомобил марка Бе-Ем-Ве.

Според медицински извори, Хамдан се здобил со сериозни повреди на нозете. сп/12:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.