• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Протест пред Владата против загадениот воздух

Протест пред Владата против загадениот воздух

Скопје, 14 јануари 2018 (МИА) - Група граѓани денеска протестираа пред зградата на Владата против загадениот воздух. 

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, каде повикаа за масовност на протестот.

Со пароли „Вие и вашите деца дишете друг воздух?!“, „Сакам да дишам“, „Чист воздух-здрави деца“, тие се обидоа да ја подигнат свеста кај јавноста да се придонесе за почист воздух.

- Британската влада во 2000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања, беше наведено во повикот за протестот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Организаторот на настанот Рашо Радулов, кој го најави протестот на „Фејсбук“, оцени дека и актуелната и претходната власт немаат слух за ова прашање.

Според него, на денешниот протест се појавиле повеќе новинари отколку граѓани.

Радулов исто така напомена дека бесплатниот автобуски превоз е само препорака, но не и ефективна мерка против загадувањето. 

Град Скопје досега двапати ги активираше итните мерки со цел да се придонесе за намалување на загадувањето на главниот град.

Како што претходно објави МИА, Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас, во петокот, отвори постапка во врска со работата на депонијата „Дрисла“ за загадување на животната средина и природата. нд/мд/14:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.