• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Околу 130.000 сириски бегалци на пат кон Турција

Околу 130.000 сириски бегалци на пат кон Турција

Анкара, 14 јануари 2018 (МИА) - Околу 130.000 лица се движат од сириската провинција Идлиб кон турската граница, бегајќи од засилените артилериски напади на владините сили врз бунтовниците во тој дел на Сирија, соопшти Црвената полумесечина на Турција.  

- Во моментов околу 130.000 лица се движат од реонот на Идлиб кон границата со Турција. Тоа воглавно е население од руралните области, што се занимава со земјоделство и сточарство. Артилериските напади пртедизвикаа жртви и тие луѓе се упатија кон турската граници барајќи заштита за своите животи, изјави претседателот на Црвената полумесечина на Турција, Керем Киник.

Според него, доколку нападоите на сириските владини сили продолжат, можно е бројот на бегалци што ќе се упатат кон Турција да се зголеми на над 500.000.

Сириски бегалци

Керем информира дека бегалците се згрижуваат во кампови во реонот на Рејханли-Џилвеѓози на 10 до 20 километри од турско-сириската граница. 

Според него, шаторите во овие кампови биле однапред подготвени, но се покажало оти тие не се доволни за сместување на сите пристигнати бегалци.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим пред два дена ги повика Русија и Иран да извршат притисок врз сириските власти да запрат со нападите врз бутовниците.

Според Бинали, продолжувањето на нападите претставува закана за почеток на нов мигрантски бран. сп/13:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.