• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Македонците во Јабука организираа „Македонска вечер“ за Василица

Македонците во Јабука организираа „Македонска вечер“ за Василица

Панчево, 14 јануари 2018 (МИА) - Македонците во Србија и годинава во Јабука, во близина на Панчево, по седми пат и годинава организираа „Македонска вечер“, на денот кога се прославува Василица, православната Нова година.

Пред околу стотина гости, членови на македонските здруженија во Србија и нивните пријатели и претставници од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, најзаслужни за пријатната и празнична атмосфера беа музичките гости Селимова-Желчевски, најпознатиот македонски дует и доајени на македонската народна музика, кои допреа до срцата на присутните гости пеејќи ги добро познатите македонски староградски песни и евергрини.

Македонската вечер и одбележувањето на Василица беше во организација на членовите на здружението на граѓани, припадници на македонската национална заедница во Србија, „Јабука“ од Јабука крај Панчево. об/нд/14:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ