• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Меркел оптимист дека СПД ќе ги одобри коалициските преговори

Меркел оптимист дека СПД ќе ги одобри коалициските преговори

Париз, 20 јануари 2018 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е оптимист дека Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ќе одобри почеток на официјални коалициски преговори со нејзините конзервативци, на партискиот конгрес кој ќе се одржи викендов.

Делегати од СПД во недела ќе гласаат за тоа дали нивните лидери би требало да продолжат со преговорите за обновување на сојузот со конзервативците, со кои беа на власт од 2013 година, откако двете партии минатата недела постигнаа прелиминарен договор за формирање влада.

Меркел изрази надеж дека после интензивните разговори, СПД на партискиот конгрес ќе даде зелено светло за коалициски преговори.

- Оптимист сум, изјави Меркел на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Лидерите на германските демохристијани и социјалдемократи, по маратонски преговори на почетокот од месецов постигнаа прелиминарен договор за формирање влада на Германија со кој, покрај другото, се предвидува јакнење на ЕУ пред се преку соработка со Франција на јакнење на еврото, додека проширувањето на ЕУ не се спомнува експлицитно. јт/09:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.