• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Заев во официјална посета на Германија на 21 февруари

Заев во официјална посета на Германија на 21 февруари

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на 21 февруари во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата како што соопшти владината прес-служба, е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Сојузна Република Германија. По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес - конференција.

За време на посетата во Берлин, предвидува е и средба на претседателот на македонската Влада со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Во агендата на официјалната посета на Германија, премиерот Заев ќе има обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“. 

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ. вг/сд/15:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...