• A-
  • A
  • A+
недела, 19 август 2018, 

На Тајланд уапсен Русин коосновач на голема мрежа за кибер криминал

На Тајланд уапсен Русин коосновач на голема мрежа за кибер криминал

Бангкок, 9 февруари 2018 (МИА) - Коосновачот на големата меѓународна мрежа за кибер криминал, Русинот Сергеј Медведев, е уапсен на Тајланд по потерница издадена од САД, соопшти локалната полиција.

Медведев (31) е обвинет дека создал хакерска мрежа, специјализирана за кражба и препродажба на банкарски информации, како и на други лични податоци од интернет.

Русинот шест години редовно одел како турист во Тајланд, слично како многу криминалци, активни или „во пензија“. Според американските власти, мрежата Инфрод, чиј коосновач е Медведев, предизвикала штета во висина од 530 милиони долари.

Во САД завчера беа покренати обвиненија потив 36 членови на криминална група по бранот апсења извршени во земјата и во Велика Британија, Франција, Италија, Косово, Србија и Австралија.

Засега на слобода е само соработникот на Медведев, Свјатослав Бондаренко.

Хакерската мрежа била создадена во 2010 година во Украина под мотото „Ние веруваме во измама“. Таа постепено се зголемувала и се претворија во сајт број еден за онлајн купување со крадени банкарски податоци. Мрежата имала повеќе од 10.000 корисници кои биле одобрени од нејзините креатори, а се занимавала и со трговија со биткоини. јт/сп/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Хилари Клинтон и Спилберг во заеднички проект

Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат ...

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Са...

Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чи...

Германски ресторан забрани доаѓање на деца во вечерните часови

Еден ресторан на германскиот остров Риген, забрани...

Германија: Немаме план за доаѓање на вонземјани

Германската Влада соопшти дека не направила никако...