• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Српските банки не се откажуваат од надоместот за обработка на кредити

Српските банки не се откажуваат од надоместот за обработка на кредити

Белград, 9 февруари 2018 (МИА) - Српските банки тврдат дека немаат намера да се откажат од наплатувањето на трошоци за обработка на кредити и покрај двете правосилни судски пресуди во кои е заклучено дека тие немаат право да го наплатуваат овој надомест.

Според претседателот на Здржението на банките на Србија, Верољуб Дугалиќ, банките немаат причина да се откажат од наплатата на овој надомест, затоа што ги штити законот.

- Апелацискиот суд не беше во право кога се повика на Законот за облигациски односи, затоа што тој Закон на банките не им забранува наплата на трошоците за кредит, вели Дугалиќ. 

Апелацискиот суд во Белград донесе две пресуди во кои се тврди дека банките немаат право да наплатуваат надомест или провизија за обработка на кредити.    

Според Дугалиќ, ваквите пресуди се последица на тоа што „Србија има проблем со владеењето на правото и правосудството“.

Тој нагласува дека пракса за наплата на трошоците за обработка на кредитите постои и во државите од балканскиот регион и во земјите од ЕУ.

Според него, во Србија тој надомест изнесува од 0,5 до еден отсто од висината на кредитот, во Хрватска еден отсто, во Македонија од еден до 1,25 процети, а во Алванија и Црна Гора од еден до 1,5 отсто. сп/17:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...