• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана

Тирана, 8 февруари 2018 (МИА) - На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА.

Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот.

Бројот на заболени од мали сипаници во Албанија се искачи на 80, главно деца кои не примиле вакцина против оваа заразна болест.

Според епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Тирана, Адела Васили, околу четири отсто од албанската популација не е вакцинирана против морбили.

- Само во Тирана има околу 1.300 деца кои наполниле една година, а родителите им ја одлагаат вакцинацијата, дел од нив поради негативната пропаганда дека наводно по добивање на вакцината против морбили кај детето се јавува аутзам, што не е точно, вели Васили.

Таа апелира до родителите да не потпаѓаат под вакви влијанија и децата да ги вакцинираат што е во интерес на нивното здравје. вт/сп/19:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.