• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Почна карневалот во Рио де Женеиро

Почна карневалот во Рио де Женеиро

Рио де Женеиро, 9 февруари 2018 (МИА) – Вечерва официјално почна карневалот во Рио де Женеиро кој, според локалните власти, ќе привлече 1,5 милиони туристи и ќе генерира приходи од повеќе од една милијарда долари.

Традиционално, карневалот почна со тоа што градоначалникот на Рио де Женеиро Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.

Секоја година специјално жири избира висок и дебел човек кој е во улогата на кралот Момо. Карневалот има и кралица која ќе биде придружена со принцези. Тие исто така се одредуваат со гласање.

Централниот настан на карневалот во Рио де Женеиро е конкурсот-парада на школите по самба на самбадромот „Маркиз де Сапукаи“. Дванаесет училишта по самба секоја година се борат за титулата победник во натпреварот. јт/21:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.