• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

САД повикаа на намалување на тензиите во Егејското Море

САД повикаа на намалување на тензиите во Егејското Море

Вашингтон, 14 февруари 2018 (МИА) - САД синоќа ги повикаа Грција и Турција за намалување на тензиите во Егејското Море, по инцидентот при кој турски патролен чамец се судри со брод на грчката Крајбрежна стража во реонот на двата мали острови Имија/Кардак, за чии суверенитет спорат двете земји. 

Во соопштение на американскиот Стејт департмент се посочува дека двете земји треба да најдат билатерално решение за спорот.

- Вашингтон го поддржува суверенитетот на сите земји во регионот, вклучително и на Грција и Турција и ги повикуваат двете држави да преземат мерки што ќе доведат до смирување на сегашната состојба, се додава во соопштението на Стејт департментот. 

Инцидентот се случи завчера во 23.40 часот по локално време во реонот на Имија/Карадак, кога турско патролно пловило удри во брод на грчката Крајбрежна служба, при што е предизвикана само материјална штета, но не е повреден ниту еден од членовите на двата екипажи. 

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи вчера упати демарш до неговиот турски колега во врска со инцидентот. Истовремено, во грчкото Министерство за надворешни работи беше повикан и турскиот амбасадор во Атина. 

- Опасни инциденти како овој, што ги ставаат во опасност човечките животи, се резултат на интензивното и провокативното однесување на Турција, што е зголемено во последните денови. Турција мора да запре со прекршувањата на меѓународното право и со постапките кои не придонесуваат за развој на односите меѓу двете земји, постапки што ја поткопуваат регионалната безбедност и стабилност, кои Грција ги брани и ќе продолжи да ги брани, соопшти грчкото Министерство. сп/08:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...