• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Адмирал: Целта на Ким е обединување на двете Кореи под негов режим

Адмирал: Целта на Ким е обединување на двете Кореи под негов режим

Вашингтон, 14 февруари 2018 (МИА) - Висок претставник на американската морнарица, кој ја надгледува воената операција на Пацификот, адмирал Хари Харис Џеј Ар изјави дека долгорочна цел на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е да го обедини Корејскиот полуостров под својот тоталитарен режим.

Многумина мислат дека нуклеарниот арсенал на Ким му е потребен да го заштити својот режим, но тој „сака многу повеќе“, предупреди Харис во обраќањето пред Комитетот на вооружените сили на Претставничкиот дом на САД. 

Според него, долгорочната цел на Ким е повторно обединување на двете Кореи „под единствен комунистички систем“. 

Харис заклучи дека било какви идни преговори со Северна Кореја мораат да бидат фокусирани на отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот полуостров. 

Харис е повеќе од четири децении висок претставник на американската војска. На чело на американската Пацифичка команда е од мај 2015 година, а минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Харис ќе го именува за амбасадор на САД во Австралија, по што именувањето треба да биде одобрено и од Сенатот. ир/зш/19:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ