• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Хрватска и Србија ќе побараат пари од ЕУ за реконструкција на линијата Загреб- Белград

Хрватска и Србија ќе побараат пари од ЕУ за реконструкција на линијата Загреб- Белград

Загреб, 14 февруари 2018 (МИА) - Хрватска и Србија заедно ќе побараат пари од ЕУ за изработување проектна документација и спроведување на проектот за реконструкција на железничката линија Загреб- Белград, јави хрватската телевизија ХРТ.

Српската министерка за транспорт Зорана Михајловиќ соопшти дека побарала средба со нејзиниот хрватски колега Олег Бутковиќ, за да потпишат протокол во врска со реконструкцијата, по што ќе побараат пари од фондовите на ЕУ.

Линијата Загреб- Белград е дел од Коридорот 10. Дел од линијата на српска територија веќе е реконструиран. Вредноста на работите во Србија изнесува околу 250 милиони евра, информира Михајловиќ.

Таа додаде дека очекува работите од проектот да започнат во текот на следната година. ир/зш/19:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ