• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Пенс: САД се отворени за разговори со Северна Кореја

Пенс: САД се отворени за разговори со Северна Кореја

Вашингтон, 14 февруари 2018 (МИА) - САД се отворени за разговори со Северна Кореја за да ја претстават американската политика по прашањето за нуклеарната програма на Пјонгјанг, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Тој во интервју за порталот „Аксиос“, нагласи дека таквите разговори нема да бидат исти како преговорите.

Пенс рече дека САД ќе продолжат да го јакнат дипломатскиот и економскиот притисок врз Сеаверна Кореја поради нејзините нуклеарни амбиции, а дека санкциите нема да бидат повлечени се додека таа не се откаже од својата нуклеарна програма.  ир/20:40

###

    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ