• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Претставникот на ОН за Сирија: Настапи еден од најопасните моменти во сириската граѓанска војна

Претставникот на ОН за Сирија: Настапи еден од најопасните моменти во сириската граѓанска војна

Њујорк, 14 февруари 2018 (МИА) - Претставникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура изјави пред Советот за безбедност дека неодамнешното зголемување на насилството доведе до еден од најопасните моменти во повеќегодишниот конфликт, во кој власта ги гранатира регионите контролирани од бунтовниците.

- Јас сум специјален пратеник повеќе од четири години, овој момент е опасен, вознемирувачки и исполнет со насилство, изјави Де Мистура, подвлекувајќи дека создадената ситуација му се заканува на постигнување на политичко решение. Мирниот процес во Женева е единствениот пат за постигнување на такво решение, додаде тој. 

Во последната недела, една од најкрвавите во седумгодишниот конфликт, силите на Дамас, поддржани од Русија и Иран, бомбардираа два од последните контролирани региони од бунтовниците- Источна Гута и северозападната провинција Идбил. Конфликти има и на други места- Турција дејствува во Африн, кој е контролиран од Курдите. Неделава беше соборен и израелски авион додека ги бомбардираше „иранските цели" во Сирија.ир/21:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ