• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Конгресот покрена истрага за соработник на Трамп

Конгресот покрена истрага за соработник на Трамп

Вашингтон, 14 февруари 2018 (МИА) - Одборот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес покрена истрага за да востанови како вискиот соработник на претседателот Доналд Трамп, Роб Портер можел да ја задржи својата работа во Белата куќа и покрај тоа што пред неколку месеци на администрацијата од ФБИ и биле дадени извештаи дека две поранешни жени го обвинуваат за насилство во семејството. 

Потпретседателот Мајк Пенс призна дека Белата куќа „можела подобро да постапи со тој случај“. 

- Проверката на неговата биографија беше во тек, изјавија од Белата куќа. 

Белата куќа прво соопшти дека ФБИ и натаму ги проверува податоците за минатото на Портер, во моментот кога неговите две поранешни сопруги изнеле тврдење за злоставување, а една објави своја фотографија со модрици на окото. 

- Белата куќа нема добиено никакви конкретни документи за завршување на проверката на биографијата, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. 

Меѓутоа, директорот на ФБИ Кристофер Реј вчера изјави пред сенаторите дека неговите агенти и доставиле на Белата куќа извештаи за Портер четири пати. ир/21:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...