• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

„Голем број“ жртви во нападот во средно училиште на Флорида

„Голем број“ жртви во нападот во средно училиште на Флорида

Мајами, 14 февруари 2018 (МИА) – Вооружен напаѓач денеска пукаше во гимназија во Флорида при што има загинати, јавија американски медиуми.

- Осомничениот за нападот е приведен, изјави портпарол на полицијата.

Во порака на Твитер локалниот шероф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на Флорида, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени. 

Уапсениот е ученик од тоа училиште. 

- Во нападот има загинати неколку лица, изјави сенаторот на Флорида, Бил Нелсон за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Според американски медиуми, бројот на жртвите може да достигне и над 20. Претходно полицијата соопшти за најмалку еден загинат и 20 ранети.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами. зш/22:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...