• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Рекс Тилерсон во посета на Турција

Рекс Тилерсон во посета на Турција

Анкара, 16 февруари 2018 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон имаа „продуктивен“ разговор во Анкара, во кој ги разгледаат ваземно прифатливите начини за подобрување на билатералните односи, соопшти синоќа претставник на Стејт департментот.

Од друга страна, Кабиентот на турскиот претседател инфромира дека на средбата, што траела повеќе од три часа, Ердоган „сосема јасно“ ги изнел очекувањата на Турција во однос на сириското прашање.

- Во разговорите беа разгледани регионални теми, пред се Сирија и Ирак, како и борбата против тероризмот и билатералните односи. При тоа сосема јасно беа изнесен турските очекувња во врска со тие прашања, се нагласува во соопштението.   

Рекс Тилерсон и Реџеп Тајип Ердоган

Претпладнево Тилерсон во Анкара ќе има средба и со неговиот домаќин, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Односите меѓу САД и Турција се влошија првенствено околу американската подрршка на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка организација и огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија и против кои започна обемна офанзива минатиот месец.

Во понеделникот во пресрет на посетата на Тилерсон на Турција, Чавушоглу изјави дека односите меѓу Анкара и Вашингтон можат „или да се возобноват или дефинитивно да се распаднат“. сп/07:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...