• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Пет лица повредени при излетување на автомобил од патот Скопје-Тетово

Пет лица повредени при излетување на автомобил од патот Скопје-Тетово

Скопје, 18 февруари 2018 (МИА) - Пет лица од кои едно потешко се повредени кога возило „рено“ со тетовски регистарски таблички ноќеска излетало од автопатот Скопје-Тетово.

Сообраќајката се случила во 00:35 часот кога возачот А.Е. (45) изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Потешко е повредена сопатничката Л.Џ. (71) која е префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот М.Е. (42) и две деца на возраст од 13 и 15 години.  

На местото на настанот извршен е увид. бак/дма/11:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.