• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Нов силен земјотрес во Мексико

Нов силен земјотрес во Мексико

Мексико, 19 февруари 2018 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во реонот на мексиканскиот главен град Мексико Сити.

Според Американскиот геофизички институт, потресот бил на десет километри под површината на земјата, со епицентар на 43 километри источно од местото Вахака во сојузната држава Оахака.

Земјотресот предизвикал вознемиреност кај населението, кое во паника ги напуштало своите домови, но засега нема информации за жртви или предизвикани метеријални штети. 

Ова е втор силен потрес во Мексико во последниве 48 часа, по земјотресот од саботата со интензитет од 7,2 степени по Рихтер, кој беше почувствуван во јужните и централните делови на земјата, вклучително и во Мексико Сити.

При потресот, што се случи на длабочина од 24 километри и со епицентар на 148 километри југозападно од градот Оахака, беа оштетени најмалку 50 куќи и беше предизвикан прекин во електроенергетскиот систем, поради што милион луѓе останаа без струја.

Вкупно 369 лица загинаа во Мексико на 19 септември минатата година при земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтер, а 12 дена претходно животите ги загубија уште 96 лица, главно во државата Оахака, при потрес од 8,2 степени. сп/09:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...