• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Села треба да сведочи за насилството во Собранието

Села треба да сведочи за насилството во Собранието

Скопје, 19 февруари 2018 (МИА) - Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска во Кривичниот суд треба да сведочи за насилството во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.

Тој ќе се соочи со десеттемина обвинети за обид за негово убиство. 

На претходното рочиште адвокатот на Зијадин Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

Судење за Села

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра. бк/са/09:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...