• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Ишингер: Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да биде одблокиран

Ишингер: Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да биде одблокиран

Минхен, 19 февруари 2018 (МИА) - Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.

- Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено, вели Ишингер на неговиот твитер профил.

Ишингер твит

Тој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.

- Македонија  е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех, вели Димитров кој на крајот му се заблчагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.

Шефот на дипломатијата Димитров заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваа на  54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици. вг/са/09:09

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...