• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

„Да ја обновиме Британија“: Кампања за запирање на Брегзит

„Да ја обновиме Британија“: Кампања за запирање на Брегзит

Лондон, 19 февруари 2018 (МИА) - Новата британска политичка партија „Да ја обновиме Британија“, инспирирана од партијата „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска почна национална кампања за запирање на Брегзит.

Партијата, основана минатата година, соопшти дека ќе се обиде да поттикне расправа за Брегзит, откако „водечките политички партии во Велика Британија изгубија контакт со гласачите кои чувствуваат дека ги напуштила политичката елита“.

- Планираме да бидеме остри по прашањето за Брегзит и причината за Брегзит. Ќе извршиме притисок врз пратениците да го разгледаат националниот интерес и да ја вратат на маса опцијата за останување во ЕУ, изјави Џејмс Торанс, шеф на стратегијата на партијата. ссм/14:48

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ