• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Скопје, 19 февруари 2018 (МИА) - Условна казна од две години, доколку во наредните четири не го повтори делото, и обврска за една година да го плати данокот што претходно не го платила, доби новинарката Ивона Талевска за случајот „Тифани“ на СЈО.

Таа во рок од една година треба да плати данок во вредност од 1.671.611 денари, а во рок од 30 дена да плати казна од 1.000 евра. Рокот за жалба за пресудата е 15 дена.

Дополнително, Талевска како претставник на фирмата „Смарт“, треба да врати и 1.145.979 денари данок во рок од една година.

Смарт групацијата, пак, треба да плати казна од 200 илјади денари во рок од 30 дена, а во рок од една година и данокот кој бил затаен и изнесува 1.038.698 денари.

Талевска и Смарт треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари.

Обвинителката Елена Јосифовска рече дека е задоволна што Талевска го признала делото, но оти ќе почекаат да ја добијат пресудата за да решат дали ќе поднесат жалба. аа/сст/14:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ