• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар

Скопје, 19 февруари 2018 (МИА) - Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 20.45 часот е воведена на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 21 часот на патниот правец крак Маврово - Дебар, соопшти ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес кај с.Сопот поради поголем одрон од 20.55 часот, како што се наведува, се одвива наизменично со мали прекини поради чистење на одронот, а на самото место се екипите на ЈП Македонија пат и сообраќајна полиција.

Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни екипи работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. бак/рп/21:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...