• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

„Вокална магија“ во Филхармонија со солистот Милан Силјанов

„Вокална магија“ во Филхармонија со солистот  Милан Силјанов

Скопје, 22 февруари 2018 (МИА) - „Вокална магија“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија на кој  како солист ќе настапи наградуваниот бас-баритон Милан Силјанов, а диригент ќе биде Емил Табаков од Бугарија. 

Вокалниот уметник од Швајцарија, кој има македонско потекло, ќе изведе избор од фантастичниот циклус песни за глас и оркестар „Магичната хорна на момчето“  од Густав Малер.

Силјанов е член на оперското студио во Баварската државна опера во Минхен, а следната сезона ќе стане редовен член на солистичкиот ансамбл на оваа престижна германска оперска куќа.

Студирал на познатата школа за музика и драма „Гилхол“ во Лондон, на отсекот опера, под менторство на проф. Рудолф Пирнеј. Победник е на престижниот Интернационален натпревар за соло-песна во Лондон (2015) организиран од „Вигмор Хол“, а во 2014 година освоил прва и втора  награда од публиката на 50. Меѓународен вокален натпревар во Хертогенбош, Холандија.

По потекло е Македонец и се чувствува, вели, како Македонец. - Сепак, имам и швајцарски пасош, па се чувствувам и како Швајцарец. Тоа за мене воопшто не претставува дилема, затоа што моето срце неуморно чука за двете држави и култури. Како дете, заедно со мајка ми, секое лето ја посетувавме Македонија и нашето семејство. Тоа ни беше посебна традиција, а летните одмори ми дадоа можност да ја запознаам Македонија што повеќе. Дружбата со моите роднини ми овозможи и да го подобрам мојот вокабулар. Секојпат кога доаѓам во Македонија, всушност се враќам дома, вели Силјанов. 

Настапот со Македонската филхармонија ќе му биде прв професионален настап во Македонија. - Исклучителна чест ми е да дебитирам во таква прекрасна сала. Со нетрпение очекувам да музицирам со оркестарот и маестро Табаков, и знам дека прекрасниот звук ќе ја изненади и публиката, и мене, додава Силјанов.

На програмата вечер е и експресивната Симфонија бр. 6 од рускиот композитор Дмитриј Шостакович, која се смета за една од неговите највлијателни. хс/са/07:41

###

 



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...