• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Индекс за перцепција на корупција: Хрватска најдобро, Македонија најлошо рангирана во Западен Балкан

Индекс за перцепција на корупција: Хрватска најдобро, Македонија најлошо рангирана во Западен Балкан

Брисел, 21 февруари 2018 (МИА) - Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл објавен денеска покажува дека бавно оди сузбивањето на корупцијата на Западен Балкан. Од регионот најдобро рангирана е Хрватска, која е на 57 место, а најлошо рангирана е Макекедонија, која е на 107 место во 2017, за разлика од 90. место во 2016 година. 

Во конкуренција од 180 држави, најдобро рангирана од поширокиот регион е Словенија, која е на 34. место, Грција и Романија се на 59., Црна Гора е на 64. место, Бугарија е на 71., Србија е на 77. место, Турција на 81, Косово на 85 и Албанија на 91 место.

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија, која е на дното на листата на Транспаренси интернешнл. 

-Организацијата истакнува дека напредокот во борбата против корупцијата е бавен, а повеќето држави пребавно напредуваат во таа борба. Иако запирањето на бранот корупција е долготраен процес, во изминатите шест години голем број држави оствариле мал или никаков напредок. Уште повеќе вознемирува резултатот од дополнителните анализи покажува дека државите каде новинарите и невладините организации се најслабо заштитени, воедно имаат и најголема стапка на корупција, наведува ТИ во денеска објавениот извештај. ссм/ми/20:54

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...