• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама

Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама

Тирана, 21 февруари 2018 (МИА) - Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека е разочарана од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста од обединување на Косово и Албанија.

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

- Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од независноста на Косово. Невнимателната реторика, со која се алудира на обединување, не е од помош и нанесува штета на односите на Албанија со соседите. Сите лидерите треба да бидат добри соседи и да се откажат од реториката од минатото, што создава поделби, се наведува на пораката објавена на Твитер.

Пораката е објавена на албански и на англиски јазик.

Рама во неделата во Приштина изјави дека „Албанија и Косово ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии“.

- Зошто да нема дури и еден претседател како симбол на националното единство и заедничката национална безбедносна политика, наведе Рама на свечената седница на косовското Собрание по повод 10-годишнината од независноста на Косово.

Рама денеска изјави дека неговата изјава е извадена од контекст. ми/20:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...