• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Вашингтон 21 февруари 2018 (МИА) - Американските ученици и нивните родителите деновиве почнаа масовни протести против слободната продажба на оружје со барање до законодавците да се направи итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Гневот се обнови после минатонеделната престрелка во средно училиште во Паркленд, недалеку од Мајами, кога загинаа 15 ученици и двајца учители. Од еден вооружен напад до друг,  незадоволството од статсус-квото со контрола на слободната продажба на оружје во САД тлее со децении.

Разочарувањето на родителите и учениците денеска беше големо, откако Претставничкиот дом на сојузната држава Флорида гласаше против нивниот предлог за општа забрана на носење оружје. Власта во оваа сојузна држава е под републиканците кои строго се придржуваат на Вториот амандман. 

- Гласањето покажа дека Телахеси е под контрола на лобито за оружје. Претстои долготрајна борба, изјави Гвен Греам, кандидат за гувернер на Флорида од демократите.

Протести има и пред средното училиште во Паркленд, мастото каде се случи масакрот. Главното барање е забрана на продажба на оружје на лица помлади од 21 година.

- Дали Америка ги става на прво место пиштолите наместо децата, порача „Њујорк тајмс“, додавајќи дека можеби децата, згрозени од теророт што го преживуваат по училиштата, ќе ги натераат постарите на акција. 

Првиот минтинг беше во понеделеникот пред Белата Куќа, кога ученици и студени организираа „лежечки протест“. На таков начин тие го поздравија Доналд Трамп по повод американскиот празник Ден на претседателот.

Кампањата на претседателот Трамп беше спонзорирана со над 30 милион долари од Националната стрелачка асоцијација (НРА), главната лоби група која се бори за заштита на Вториот амандман за слободно поседување на оружје.

Во текот на протестот во Вашингтон на кои се појавијаа членови на НРА и имаше мали туркања, беа прочитани имињата на загинатите од последниот напад.

Во меѓувреме, конвој од автобуси со ученици и родители вчера од јужна Флорида замина за Тeлахeси, главниот град на државата.

Тие таму поставија протестен камп и ораганизараа постојано бдеење се додека законодавците не ги изменат правилата за купување оружје и не забранат продажба на автоматски пушки од типот АР-15 во Флорида.

Пушката AР-15 беше оружје за избор на убиецот кој стрелаше во толпа луѓа на концерт во Лас Вегас лани, кога загинаа 58 луѓе, како и во нападот во ноќен клуб во Орландо во 2016, кога загинаа 49 лица, и за време на последниот напад во Паркленд, кога бивши ученик отвори оган во школото.

И на државно и на федерално ниво, републиканците се под огромен притисок од јавноста после смртоносната престрелка.

Јавноста е во грч и врши досега невиден притисок и во Вашингтон во сите сојузни држави каде може да стигне здравиот разум, дека е потребна итна измена на законот за да запре крвопролевањето и оруженото насилство, редовна појава по јавните места и во училишните установи во САД. 

Америка е поделена. Руралните подрачја од каде доаѓа подршката за Трамп, како Вирџинија или Кентаки, не сакаат промени во регулативата, додека во државите како Колорадо или Њујорк, демократите имаат значјна подржка за промен на статус-квото. кб/ми/20:35

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ