• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Вучиќ и Лавров задоволни од билатералните односи

Вучиќ и Лавров задоволни од билатералните односи

Белград, 21 февруари 2018 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва изјави дека Србија е на европски пат, но оти ќе продолжи да гради најдобри односи со Русија.

- Претпоставувам дека ќе има различни видови желби и притисоци односите да се движат во поинаква насока, но Србија ќе биде на иста линија, ќе ги почитува традиционалните односи и ќе развива најдобри односи со Руската Федерација, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека дека периодот од 180 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Србија и Русија е карактеристичен по тоа што никогаш не оделе еден против друг и оти тоа е редок пример и случај помеѓу кои било народи во светот.

Шефот на руската дипломатија истакна дека Русија и Србија се партнери, кои еден на друг ништо не си наметнуваат и оти Москва ги поздравува напорите на Србија на патот кон Европска унија, но и во односите со евроазискиот сојуз.

- Русија не бара од Србија да ги прекине контактите со кој било во светот. Секогаш сме се залагале партнерите да имаат слобода на избор и да ги развиваат своите политички врски, посочи Лавров.

Тој посочувајќи ја соработката на Србија со НАТО, но и со Сојузот за колективна безбедност, посочи дека статусот на неутралност на Србија е еден од најважните фактори на стабилност на Балканот. ми/21:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...