• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Пронајден бездомникот кој „собра“ 500.000 евра од аеродромот Роаси

Пронајден бездомникот кој „собра“ 500.000 евра од аеродромот Роаси

Париз, 22 февруари 2018 (МИА) - Француската полиција го пронајде бездомникот, кој украде 500.000 евра од канцеларија на компанија на парискиот аеродром Роаси, но не и украдените пари.

Како што јави АФП, тој тврди дека по кражбата бил киднапиран и киднаперите му ги украле парите, што тој претходно ги земал. 

На бездомникот, кој е на возраст ид околу 50 години, денеска му беа презентирани обвиненијата.

Тој бил приведен сосема случајно при проверка на идентитетот ноќта во вторникот спроти средата, во засолниште за бездомници во Сен-Сен Дени, северно од Париз. Кај него не биле најдени никакви пари. 

Кражбата се случи на 8 декември, кога бездомникот додека пребарувал по кантите на аеродромот, видел дека е отворена вратата на канцеларијата на компанијата „Лумис“, која е специјализирана за собирање на прометот на продавниците и рестораните на аеродромот и банкоматите инсталирани на терминалите.

Во канцеларијата немало никој, но имало вреќи со пари и бездомникот грабал две од нив и се оддалечил од местото. Во двете вреќи имало 496.000 евра. 

Пред Судот бездомникот призна дека ги украл парите, но тврдеше дека неколку дена подоцна бил киднапиран и однесен надвор од реонот на Париз за да открие каде се парите. Откако го открил местото, киднаперите му ги земале парите. Бездомникот одбива да каже каква и да е информација за киднаперите.

На бездомникот му е одреден притвор. ир/сп/19:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.