• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун

Атина, 22 февруари 2018 (МИА) - Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67-процентниот дел од компанијата, која управува со пристаништето во Солун. Договорот е во вредност од 232 милиони евра. 

Парламентот го ратификуваше договорот за концесија до 2051 година, потпишан во декември со конзорциумот Саут Јуроп Гетвеј Тесалоники (South Europe Gateway Thessaloniki). Конзорциумот се состои од германска, грчко-руска и француска компанија.

Денешната одлука доаѓа по приватизацијата во 2016 година на најголемото грчко пристаниште Пиреја со продажбата на мнозински дел на кинеската Коско. паг/гт/19:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.