• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Неколку илјади Германци умираат годишно од гасовите од дизел возилата

Неколку илјади Германци умираат годишно од гасовите од дизел возилата

Берлин, 8 март 2018 (МИА) - Неколку илјади лица годишно умираат во Германија како последица на вдишувањето на честички на азот диоксид што ги ослободуваат дизел моторите на возилата, соопшти денеска германската Федерална служба за животна средина.

Истражување на минхенскиот еколошки научен центар „Хелмхолц“ и компанијата „ВУ Умвелт“ покажува дека речиси 6.000 лица предвреме починале во текот на 2014 година од заболувања предизвикани или поттикнати од азот диоксидот, наведува Службата.

Истражувањето прави споредба на бројот на смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот во големите германски градови и во руралните региони.

Соопштението на германската Служба за животна средина следува една недела откако Суд во Германија донесе одлука дека градските власти имаат право да забранат движење на дизел возила, како дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот. сп/16:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...