• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Меркел: Продолжува борбата за еднаквост

Меркел: Продолжува борбата за еднаквост

Берлин, 8 март 2018 (МИА) - Германската кацеларка Ангела Меркел по повод Меѓународниот ден на жената изјави дека „иако многу е постигнато, мора да продолжи борбата за рамноправност помеѓу жените и мажит во Германија и ширум светот“.

- Голем број жени пред нас се жртвуваа и истрајно се бореле за поголеми права на жената... но и понатаму останува да се направат уште многу нешта, изјави една од најмоќните жени во светот.

Меркел посочи и дека „има и нови задачи за мажите, но не прецизира на што мисли.

- Поради тоа, денешниот ден не е сам ден кога треба да се осврнеме на достигнувањата, туку и ден на кој кажуваме - продолжува борбата за еднаквост, наведе германската канцеларка.

Меѓународниот ден на жената, 8 март е востановен во знак на сеќавање на демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и маршот на повеќе од 15.000 жени во Њујорк, кои бараа пократко работно време, подобри плати и право на глас. ми/16:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...