• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Во Хрвтска запленети 100 килограми кокаин и уапсени осум лица

Во Хрвтска запленети 100 килограми кокаин и уапсени осум лица

Загреб, 8 март 2018 (МИА) - Хрватската полиција во рамките на акцијата „Нана“ уапси осум лица и заплени 100 килограми кокаин, кој осомничените го криумчареле од Јужна Америка во ЕУ преку Хрватска.

Акцијата е спроведена на територија на Хрвтска и на Словенија, а помеѓу уапсените се еден државјани на Шпанија, еден двоен државјанин на БиХ и на Холандија и шестмина Хрвати.

Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека 100-те килограми кокаин биле купени во Панама за 300.000 евра, а членовите на криминалната група се обиделе да го прокриумчарат во скриени места во контејнери за метален отпад. 

Дрогата требала да биде истоварена во Загреб, а дистрибуирана во земјите на ЕУ. ир/ми/17:52

###


       
        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ